Српската јавност се’ уште не можеда поверува дека познатата новинарка Драгана Трипиќ (58) вчера е пронајдена обесена во својот стан. Како што пренесуваат медиумите, нејзиното тело го пронашла нејзината ќерка Александра.

Според написите, Драгана во последно време била депресивна поради долговите и кредитите, а во ова малкумина веруваат поради фактот што таа секогаш била насмеана, позитивна и голем борец.

Разбирливо, трагедијата најмногу го погоди нејзиното семејство, а ќерката, која вчера ја пронајде мртва својата мајка, се огласи на својот инстаграм-профил.

 

 

Мамо, нека те чуваат ангелите“, напиша Александра, споделувајќи црно-бела фотографија од покојната мајка.

Инаку, само 16 часа пред смртта, таа на својот фејсбук-профил сподели фотографија на која со насмевка на лицето ја бојадисува својата столица со посебен метод, а на тој начин се релаксирала.

Драгана Трипиќ беше самохрана мајка. Прекарот и беше Маца.

Мислам дека сум една од новинарите што имаат најмногу ексклузиви и ниедна тужба“, изјави на времето таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.