Меган и Хари објавија новогодишна честитка до сите свои следбеници на Инстаграм, на која сесодржани сите важни моменти во 2019.

Се разбира во фокусот на нивните најубави моменти е токму раѓањето на нивниот син Арчи. Во компилацијата се најде и нова фотографија од него, снимена за време на празниците во Ванкувер.

Арчи на фотографијата носи нова капа, јакна и чизми од овча кожа, подарок од австралискиот гувернер Питер Кросгрув.

Ни беше чест да се запознаеме со сите вас ширум светот и едвај чекаме да запознаеме уште повеќе следната година. Се надеваме дека 2020 ќе ви донесе здравје и среќа, пишува во описот на видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.