Исчезнувањето на авионот во кој леташе новиот фудбалер на Кардфи, Емилијано Сала е главна вест на Островот, а речиси и никој да не го спомена пилотот кој го управувал авионот. Станува збор за 60 годишниот британски пилот, Дејвид Иботсон кој е оженет и татко на три деца.

Неговиот прекар е „Диббо“, a тој заедно со својата сопруга Нора живеел во Сканторп. Според неговата последна објава на Фејсбук, тој се чекирал на аеродромот во Нант, неколку часа пред кобниот лет.

Дејвид важел за одличен и искусен пилот специјализиран за приватни летови и падобрански експедиции, а исто така бил и квалификуван инженер за гас кој работел во сопствена компанија за поправка на котли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.