Парановинарот Саше Политико, кој во јануари ја обвини сопругата Марина дека го нападнала со тапи ножеви, до први април се смири со неа, па на Фејсбук напиша дека љубовта била посилна од ножевите и дека повторно се заедно. И се ќе беше во ред, колку толку, ако закопувањето на тапите ножеви запреше тука. Сепак, политико не би бил Политико ако не отиде чекор подолу, па денеска објави заедничка фотографија на која напиша „Ко се бије тај се воли“.

Точно е дека само интелигентните луѓе знаат да се шегуваат на своја сметка, но исто така е точно и дека само Саше Политико смета дека семејното насислтво е изблик на љубов која треба да се сподели на Фејсбук.

Не, семејното насилство никако не е љубов, а тој кој те тепа, не те сака!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.