На погреб во Мексико за еден миг погребот се претворил во фарса. Работите тргнале наопаку и за живите и за мртвиот во моментот кога гроарите го спуштале сандакот во дупката.

Додека двајца чекале во гробот да го дофатат сандакот, на еден гробар од горе, од двајцата што го спуштале, му се лизнала ногата и паднал врз санакот, па заедно паднале врз еден од гробарите во дупката. Гробарот во дупката завршил со скршена нога.

Обидувајќи се да му помогнат на човекот а излезе од гробната дупка и да го наместат сандакот, гробарите уште повеќе се заплеткале, па паднал и поклопецот од сандакот, а роднините на покојникот почнале да врескаат.

Додека се обидувале целата ситуација да ја доведат во достоинствен ред, повторно куршлус – од сандакот испаднал покојникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.