Во време на коронавирус низ светот бројни се хуманите гестови кои секојдневно може да се забележат ширум светот. Еден од нив е и Самир, египетски мигрант кој живее во Италија околу десет години, има 34 години и е сопственик на маркет за свежо овошје.

Тој одлучил да се солидаризира со земјата која како добар домаќин го примила пред една деценија, па сега овошјето од неговиот маркет е достапно бесплатно за неговите сограѓани.

Пред неговиот маркет пишува:

Вие ми посакавте добредојде пред 10 години. Сега јас ви ја враќам услугата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.