Долгоочекуваната средба помеѓу Владимир Путин и Џо Бајден се одржа вчера во Женева, а рускиот претседател во швајцарскиот град пристигна со луксузен авион наречен „Летечки Кремљ“. Тој чини околу 455 милиони евра и е достоен на името бидејќи во него содржи сè што е му е потребно на претседателот за работа.

Авионот е дизајниран во неокласичен стил. Има сала за состаноци со позлатена маса опкружена со кожни фотелји во крем боја. Има теретана, бар, спални соби, а има дури и позлатен тоалет.

Државните обележја се видливи низ целиот декор.

Авионот има и команден центар што може да се искористи за мобилизирање на војската кога Путин е во воздух.

Видеото од внатрешноста погледнете го тука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.