Српската мисица Дијана Милојковиќ почина во понеделникот вечерта на 33-годишна возраст, после долга и тешка борба со рак на матката. Ударната вест тешко им падна на најблиските, но и на нејзиниот поранешен партнер Стефан Кариќ, кој длабокот бил погоден поради смртта на мисицата со која планирал и брак и деца.

Тие биле неразделни додека биле заедно, а се разделиле поради тоа што Дијана пронашла пораки од непозната девојка во телефонот на Кариќ.

Ја сакав Дијана како Бога! Од моментот кога ја видов, се заљубив. Таа беше мојата најголема љубов, со неа сакав се! Сакав да се венчаме и да имаме многу деца. Никогаш не би ми паднало на памет дека можеме да се скараме поради некакви глупости. Раскинавме поради ситница – рекол Кариќ после раскинувањето на врската.

После бројните шпекулации за тоа која е причината за нивното раскинување, тој се огласил на Инстаграм, каде до детаљ кажал зошто раскинале.

Дијана го најде мобилниот телефон кој стоеше кај нас во соба и кој 4 месеци беше исклучен. Еден ден отидов да го измијам автомобилот, а таа ја средувала собата, го земала телефонот и го вклучила. Во телефонот немало ништо, освен порака од една девојка со која никогаш не сум се видел. Со неа се допишував додека Дијана и јас не бевме заедно. Кога се вратив дома ме праша чиј е телефонот, а јас ја излажав дека е на татко ми и дека стои долго во соба. Наредниот ден телефонот заѕвони, веројатно на девојката и стигнало известување дека сум достапен. Махинално го зедов телефонот и го однесов на татко ми и му реков: Земи го телефонов, и реков на Дијана дека е твој!Сепак Дајана беше зад мене и го слушна тоа. Не можеа да ме исперат ни Дунав ни Сава. Тие денови како да бараше нешто да се скараме и неверство беше како добра причина, тоа е целата вистина – рекол Кариќ.

Кариќ ѝ бил голема поддршка на Дијана додека поминувала низ тежок период, па и тој ја избричил главата кога таа останала без коса од силната хемотерапија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.