Американскиот Си-би-си синоќа го емитуваше долгоочекуваното интервју на Опра Винфри со Меган Маркл и принцот Хари во кое парот, меѓу другото, зборувал за причините за напуштањето на кралското семејство, расизмот со кој се соочиле во рамките на кралското семејство, а го откриле и полот на нивното второ дете кое на свет би требало да пристигне ова лето.

Меган, меѓу другото, признала дека во еден период од бременоста размислувала за самоубиство.

Во експлозивното интервју, Меган открила дека животот во кралското семејство ја навел на самоубиствени мисли.

Едноставно не гледав решение. Седев навечер будна и размислував дека не разбирам како сето тоа се случува – рекла војвотката. „Мајка ми и пријателите ми се јавуваа плачејќи и ми велеа: „Мег, тие не те штитат“ – открила на прашањето од Опра која била точката на пукање.

Сето тоа се случуваше само затоа што дишев, рекла Меган. Самоубиствени мисли ѝ паѓале напамет во петтиот месец од бременоста со првото дете Арчи, рекла таа.

Навистина се срамев да го кажам тоа тогаш, и се срамав да му признаам на Хари затоа што знам колку загуба претрпе, но знаев дека ќе го сторам тоа ако не кажам – едноставно не сакав да живеам повеќе Тоа беше многу јасна и реална и застрашувачка постојана мисла. „Се сеќавам како ме прегрна и… Отидов во Институцијата и им реков дека морам некаде да побарам помош… И ми рекоа дека не смеам““, рекла Меган.

Таа исто така отишла во одделот за човечки ресурси за да побара помош, тие ѝ рекле дека не можат да ѝ помогнат, затоа што не е платен член на Институцијата, туку само член на кралското семејство, вели војвотката.

Начинот на кој го опишувате ова, вие сте заробени и не можете да добиете помош, иако сте на работ на самоубиство. Тоа е она што го опишувате… – ја прашала Опра.

Да, тоа е вистината – одговарила Меган.

„Нема да го живеам животот со страв“, одговорила таа понатаму. „Не знам како би можеле да очекуваме дека по сето ова време и понатаму ќе молчиме ако постои активна улога што Фирмата ја игра во овековечување на невистини за нас“, рекла Меган, користејќи го прекарот на кралското семејство – Фирма (Firm), кој наводно потекнува од кралот Џорџ Шести.

Ако доаѓа со ризикот да изгубиме некои работи, па многу работи веќе се изгубени. Го изгубив татко ми, изгубив бебе, речиси го изгубив своето име, тоа е губиток на идентитетот. Но, јас сè уште стојам и се надевам дека луѓето од ова ќе разберат дека секогаш постои друга страна, дека животот вреди да се живее – заклучила Меган пред Хари да ѝ се придружи во интервјуто со Опра.

Британските медиуми пишуваат дека телевизиската мрежа во Велика Британија, ИТВ може да се откаже од прикажување на интервјуто за кое му платиле на американскиот Си-би-ес повеќе од милион фунти!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.