Сестрите Ана и Луси Десинк некогаш беа прогласени за „најидентични близначки“ на светот. Тие, како познати ТВ лица, во новото интервју за една австралиска телевизија, открија дека сакаат да забременат истовремено, и тоа од истото, заедничко момче…

Имено, иако претходно имале посебни врски, сега веќе девет години се во врска со исто момче. Тој се вика Бен и „ги прифаќа такви какви што се“, како што вели Ана..

– Ако Бен ја бакне едната, веднаш ќе ја бакне и другата. А, секогаш нѐ разликува, дури и преку телефон, додаде Луси.

Во однос на тоа дека имаат намера да забременат во истовреме, Ана вели дека иако „тоа некому ќе му звучи необично“, тоа е нивниот начин на живот и  така сакаат да живеат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.