Резултатите од анкетата спроведена во Русија покажуваат дека 18 отсто од руските мажи и 17 отсто од жените сметаат дека претседателот Владимир Путин е најзгодниот маж во таа земја.

Сајтот „Суперџоб.ру“ во периодот од 22 март до 1 април анкетирал 2.000 Руси, по 1.000 мажи и 1.000 жени, и утврдил дека 68-годишниот Путин е најсексапилниот маж во земјата, пишува „Москоу Тајмс“.

Русите сè уште го сметаат Владимир Путин за најатрактивниот славен човек во земјата и покрај падот на рејтингот за 1 отсто во споредба со минатата година – објави сајтот.

Анкетата покажува дека 19 отсто од мажите се избрале себеси како најзгодни мажи во Русија, додека 18 отсто од жените сметаат дека нема ниту еден убав маж во целата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.