Росана Сариќ-Тодоровска за прв пат објави фотографија од својот внук Ноа, кој е син на нејзината ќерка Ивана и на зетот, англичанецот Џејмс.

Пејачката често изјавува дека внукот ѝ е највредното нешто, и е голема утеха по смртта на брат ѝ кој почина оваа година.

„ Внук ми Ноа е злато мало, и на 9 декември наполни 5 месеци. По потреба одам да го чувам, но тоа не е многу често со оглед на тоа дека работам. Младите сериозно си ја сфатија работата на родителството и двајцата заедно се навистина предобри и совесни родители“, изјави Росана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.