Четиримесечно бебе било пронајдено само оставено во количка од маркет на паркинг во Бразил, откако родителите го заборавиле и си заминале дома без него.

Луѓето кои го пронашле на количката пред маркетот веднаш ги известиле обезбедувањето на маркетот и полицијата, објави британски „Сан“

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, заборавените родители веќе се вратиле.

Тие рекле дека ги спакувале работите од  маркетот и се оддалечиле, но исто така заборавиле да го земат својот син во автомобилот. Кога сфатиле дека го заборавиле, веднаш се вратиле на паркингот.

Полицијата заклучи дека родителите веќе претрпеле доволно страдања и не сакаат да им го отежнат тоа уште повеќе.

Иако било привремено напуштено, бебето изгледало добро и било снимено како се смее.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.