Судија во американската сојузна држава Мичиген пресудил во корист на 42-годишен маж кој ги тужел своите родители и барал од нив да му платат отштета затоа што му ја уништиле колекцијата филмови за возрасни.

Дејвид Веркинг, кој откако се развел живеел со родителите, пред Судот тврдел дека неговата колекција порно филмови вредела 25.000 американски долари.

Родители му ги исфрлиле филмовите откако му рекле да не носи такви филмови во куќата. Сепак, судијата пресудил дека тие немале право да фрлаат нешто што било сопственост на нивниот син.

Веркинг живеел со родителите во Гранд Хевен, Мичиген, 10 месеци откако се развел и се иселил од куќата во која живеел со неговата сопруга.

Веркинг изјавил дека оставил голема и „незаменлива“ колекција списанија и филмови во куќата на неговите родители кога првично се иселил, но подоцна кога се вратил, сфатил дека повеќе ги нема.

Е-пошта што Веркинг ја разменил со неговиот татко покажува дека биле уништени 12 кутии полни со порно филмови и две кутии со секс играчки. Веркин изјавил дека во кутиите имало и 1.600 ДВД и касети. Во еден имејл, таткото му напишал на Веркинг дека му направил услуга затоа што се ослободил од „тие работи“.

По изрекувањето на пресудата, адвокатот кој ги застапувал родителите изјавил дека работи на утврдување на штетата за која ангажирал експерт од Музејот за еротско наследство во Невада.

Родителите на Дејвид мора да ги платат судските трошоци до средината на февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.