Роботите ќе доведат до губење на 85 милиони работни места за луѓето во средни и големи компании наредните пет години, а пандемијата на коронавирусот ќе ги забрза промените на пазарот на трудот и ќе ги зголеми нееднаквостите, се вели во новиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ).

Истражувањето спроведено во 300 компании во светот покажа дека во четири од пет фирми, се забрзуваат плановите за дигитализација на работата и примена на нови технологии. Со тоа пак, се поништуваат придобивките од вработувањата постигнати по финансиската криза од 2007 – 2008 година.

– Ковид-19 го забрзува доаѓањето на иднината во однос на работата, смета директорот на СЕФ, Садија Захиди.

За да ги задржат своите работни места, работниците следниве пет години ќе мора да научат нови вештини, бидејќи до 2025 година, работата ќе биде подеднакво поделена меѓу луѓето и машините, се наведува во документот.

Општо, се проценува дека создавањето работни места забавува, а затворањето се забрзува, бидејќи компаниите ширум светот сè повеќе ја користат технологијата наместо луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.