Речиси 50 проценти од жените сметаат дека нивните партнери ги изневериле за време на пандемијата на корона вирусот, покажаува неодамнешна студија спроведена во САД.

Сајтот „dating.com“ спроведе истражување во кое учествуваа 2.000 луѓе, а прашањето беше дали тие биле изневерени за време на карантинот, во периодот од март до денес.

Резултатите покажуваат дека дури 55 проценти одговориле потврдно. Од нив, 45 проценти се жени и само 10 проценти се мажи.

Причините не се изненадувачки. Една третина велат дека биле изневерени затоа што партнерот чувствувал стари искри кон поранешните партнери, додека 20% од нив рекле дека неверството се случило со нова личност.

Марија Саливан, потпретседателка на „dating.com“, вели дека карантинот е одличен тест за сите парови, некои ја зајакнале врската и се запознале уште подобро, додека некои сфатиле дека не се баш едни за други. Истражувањата покажавуаат дека многумина се обратиле на апликации и страници за средби во овој тежок и предизвикувачки период.

Двајца психолози од универзитетот во Тенеси неодамна објавија дека стресот за време на пандемијата ги уништува врските и дека луѓето се префрлаат на дружење преку апликации за да се забавуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.