Грчкото здружение на угостителски објекти и центри за забава, одлучи и им предлага на членовите од 16 до 22 септември да ги затворат кафулињата, баровите, рестораните и сл, во знак на протест, за како што велат, рамнодушноста на Владата за проблемите во нивниот сектор.

Паралелно доставуваат 20 барања меѓу кои ослободување од обврската за плаќање на општинските такси; дозвола за работа и по полноќ; ревидирање на постоечките мерки и забрани за работа на угостителските објекти и кафулињата; намалување на кириите, намалување на ДДВ-то на храната и кафето на шест отсто; даночни олеснувања и сл.

Велат дека во изминатиот период, од почетокот на пандемијата се обиделе да започнат дијалог со Владата, за одредени нивни предлози за заштита на конкретниот сектор, но наишле на незаинтересираност и затоа донеле одлука да одоговорат со „континуиран локдаун“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.