Богдан Срејовиќ(38), новото момче на Цеца Ражнатовиќ(47) пред врската со балканската ѕвезда, водел возбудлив љубовен живот.

Меѓутоа, иако важел за голем заводник, тој тешко го поднел разводот од поранешната Мис на Војводина, Зорана Тасовац, која веќе четири години е во стабилна врска со пејачот Саша Ковачевиќ. Нивната заедница траела само неколку месеци, ама на избраникот на Цеца нејзиниот крах оставил сериозни емотивни последици, велат неговите пријатели од родниот Крагујевац.

Според зборовите на негов близок, тој цели три години не можел да закрепне од разделбата од мисицата. Иако во брак запловиле од голема љубов, набрзо сфатиле дека не се еден за друг поради честите караници, а секојдневните расправии довеле до тоа да стават точка на својот брак, Двајцата тргнале по своите патишта, а единствено ги спојува безусловната љубов и грижата кон ќерка им.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.