Раперот Гучи Мане на сопругата Кеиша Ка Оир по раѓањето на синот и подарил еден милион долари.

Сопругата на раперот ја информираше јавноста на својот Инстаграм профил за парите што ги добила како подарок, што предизвика бројни реакции од нејзините следбеници.

Мојот сопруг само ми даде милион долари како подарок за раѓањето на синот. Не можам да верувам во тоа … – рече Кеиша.

Тој пристигна и тој е совршен“, рекоа Кеиша и раперот откако добија син, потенцирајќи дека се пресреќни.
Инаку, Кеиша и Гучи Мане се во брак од 2017 година и пред две недели го добија своето прво дете, синот Ајс Дејвис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.