Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вторникот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин размислува да се вакцинира против коронавирусот.

Песков истакна дека постојат „посебни мерки на претпазливост кога станува збор за шефот на државата“ и дека Путин потврдил дека размислува за вакцината.

Портпаролот исто така додаде дека „за да се намали нивото на епидемиолошки мерки на претпазливост, потребно е да се вакцинираат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.