На вториот ден од Воскресението Христово, стотици верници учествуваа во традиционалната литија со чудотворната икона на Пресвета Богородица од познатиот бугарски Бачковски манастир до месноста „Клувијата”, каде според легендата е откриена иконата и предадена на манастирската обител.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, стотина верници се движеа по стрмниот пат од Бачковскиот манастир до месноста „Клувијата”, но Чудотворната икона на Пресвета Богородица од безбедносни причини поради Ковид-19 ја носеа само две лица, кои повремено се менуваа со уште две други.

– На нашата земја сега исклулчително и се потребни братска љубов, пријателство, единство и милост меѓу нас. Да се ​​молиме на Бога да го спаси светот од оваа тешка пандемија, порача игуменот на манастирот, владиката Сиониј пред почетокот на литијата.

Поради пандемијата оваа година нема да се дава курбан на месноста „Клувијата”, но собраните средства и прехранбените продукти ќе бидат поделени на сиромашни граѓани. На крајот на денот, чудотворната икона ќе биде вратена во манастирот.

Според легендата, оваа икона била скриена во пештера над Бачково, а пред повеќе од 4 века ја пронашле две овчарчиња и ја вратиле во манастирот. Оттогаш, луѓето веруваат во чудотворната моќ на оваа икона на Богородица и се завештуваат да учествуваат во литијата на Велигден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.