Несреќа. Трагедија. Што да кажам… – Шокиран е Ибрахим Черкез, првиот сосед на семејството Сефо, чија ќерка Елмира почина синоќа во земјотресот кој ја погоди Босна и Херцеговина.

Еве, гледате, нивната куќа е со добра градба, но камења од блискиот рид… Да не беше така… Мајка ѝ викаше на син ми, „помогни ни, каменот ни е во ходникот“. Елмира излезе од собата во ходникот во моментот кога каменот сигурно паднал. Јас и син ми едвај го кренавме каменот – изјави Черкез за „Аваз“.

На куќите во населбата паднале вкупно пет поголеми камења.

Имам гаража над куќата и каменот го пробил ѕидот од гаражата и останал таму. Да не беше гаражата, ќе провалеше во дневната соба. Кај друг сосед удрил во самиот агол на покривот. Дека свлечиштето не беше Богдо – рече Черкез.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.