Здравствената состојба на првиот претседател на Народното собрание на Република Српска, Момчило Крајишник е тешка и неблагодарно е да се зборува за какви било прогнози, рече генералниот директор на болницата каде вчера Момчило беше хоспитализиран, Владо Џајиќ.

Тој ова го соопшти по денешната консултација за лекување на најсериозно болните пациенти со инфекција со корона вирусот.

Состојбата на Крајишник е неизвесна, тој има ниски вредности на кислород и во моментов е на пасивен респиратор, така што веројатно ќе мора во текот на денот да биде целосно ставен на респиратор, рече Џајиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.