Првиот град каде се забранува продажбата на електронски цигари, сè додека нивниот ефект врз здравјето не биде појасен, е Сан Франциско. Забраната, што ја изгласаа градските советници, гласи дека „во Сан Франциско никој нема да има право да продава или дистрибуира електронски цигари на никого”, освен ако производот е проверен и одобрен од Управата за контрола на храна и лекови.

Претходно овој месец Управата издаде директива според која производителите на електронски цигари треба да аплицираат за одобрување пред да почнат да ги продаваат своите производи.

Забраната влегува во сила 30 дена по потпишувањето од градоначалникот, но се очекува да почне да дејствува целосно за околу половина година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.