Димитар Пипилевски, директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Бистрица, испратил отворено писмо до редакција на Апла.мк во кое ја образложил својата оставка од позицијата на која се наоѓа заради, како што вели, морална обврска.

Почитувани, Чувствувам морална и етичка обврска да се произнесам по неодамнешните случувања. Имено, во четвртокот, 3.10.2019 година, околу 20.00 часот, предизвикав сообраќајна незгода под дејство на алкохол. Заради ова, поднесувам оставка на местото директор при ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица.

Во секој случај останувам целосно посветен на мојот ангажман за подобрување на условите во училиштата и во регионот каде припаѓаат и несебично ја нудам мојата помош во иднина. Се надевам со оваа моја постапка ќе им бидам пример и на учениците, како да се преземе одговорност за постапките. Со почит, Димитар Пипилевски.

(Извор: Апла.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.