Се појавија првите снимки од големиот метеор, кој експлодирал во земјината атмосфера во декември. Според НАСА, ова бил вториот по големина метеор што експлодирал во последниве 30 години, меѓутоа, експлозијата главно минала незабележано, зошто се случила над Берингово Море, во близина на полуостровот Камчатка во Русија.

При експлозијата се ослободила десетпати поголема енергија од онаа на атомската бомба во Хирошима.

Според Линдли Џонсон од НАСА таква природна појава може да се случи само два или трипати во сто години.

Најголемата огнена топка забележана последниве неколку десетлетија, е онаа над Чељабинск, исто во Русија, пред шест години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.