Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата избраничка Кери Симондс вчера ја озакониле својата врска на тајна венчавка, а денеска е објавена и првата фотографија од младоженците.

Двојката е прикажана во градината на „Даунинг стрит“ 10 откако се венчале во Вестминстерската катедрала пред мала група блиски пријатели и семејството.

Таблоидот „Сан“ пишува дека ниту членовите на Владата не знаеле дека 56-годишниот Џонсон и 33-годишната Симондс ќе се венчаат.

Според британските мерки воведени поради спречување на коронавирусот, на свадбена церемонија можат да присуствуваат најмногу 30 луѓе.

Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие го имаат едногодишниот син Вилфред. Премиерот на Велика Британија зад себе има два брака, но тој е прв сопруг на Симондс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.