Десеттина македонски винарии и неколку увозници на вино ќе ги претстават своите производи на првиот „Охридски фестивал на виното” што од вечер до сабота ќе се одржува на кеј „Македонија” спроти хотелот „Палас” во Охрид.

Покрај можноста за дегустација на сортни вина, охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во богатата забавна програма со охридските бендови „Камелеон” и „Бекдор бенд”, Ѓоко Танески, Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Супехикс.

– Се надевам дека охриѓани и гостите ќе уживаат во забавната програма и дегустација на вината, истакна организаторот на Винофестот Пане Темов, посочувајќи дека кај винариите одамна постоел интерес за таков фестивал во Охрид.

Целта на настанот, според градоначалникот Кирил Пецаков, е продожување на летната туристичка сезона.

– Идејата ни е преку вакви манифестации и настани да придонесеме кон привлекување гости и во овој период од годината. Годинава, дополнително Фестивалот се поклопува со Охридскиот пливачи маратон и со тоа ќе имаме еден убав и би можел да речам продожен викенд во Охрид. Охриѓани и гостите заслужуваат да имаат вакви културни манифеста, изјави Пецаков за МИА.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.