Највисока температура од 41 степен во минатиот месец е измерена на 3 јули во Гевгелија, а најниската се спуштила до 6,8 степени измерена наутро во Берово. Просечните температура во јули била повисока за 0,3 степени Целзиусови.

Во текот на овој месец, според информацијата на УХМР, се регистрирани од седум до 28 денови со максимална температура над 30 степени, со исклучок на Маврово. Времето беше просечно топло во државата и многу топло само во Гевгелија, многу влажно во крајниот североисток и југозапад, во централниот дел било сушно, а влажно во останатиот дел од државата.

Средната месечна температура варирала од 17,2 во Маврово до 27,4 степени во Гевгелија. Средната минимална температура варирала од 11,2 во Берово до 19,1 во Гевгелија.

Во јули за 20 проценти имало повеќе врнежи од многугодишниот просек. Месечната количина врнежи варирала од 18,0 мм во Штип до 83,2 мм во Крива Паланка. Врнежите биле од дожд но локално пропратени со грмежи и град.Најмногу дожд на дневна основа е регистрирана на 11 јули во Охрид од 29,8 мм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.