Телото на внукот на Роберт Ф. Кенеди вчера било пронајдено во заливот
Чезапикеј, два дена откако исчезнал со својата мајка додека ловеле во кану,
објави Њујорк Тајмс.

Остатоците на осумгодишниот Гедеон МекКејн се пронајдени на околу 600 метри од каде е најдено телото на неговата мајка Мејв Кенеди Таунсенд МекКејн во понеделникот.
И двајцата последен пат биле видени во четвртокот како влегуваат во кану во близина на домот во кој престојувале, што е сопственост на мајката Меив Таунсенд.
Таунсенд (40) е ќерка на поранешниот гувернер Кетлин Кенеди Таунсенд и внука на Роберт Кенеди, кој е убиен во 1969 година додека се обидуваше да ја добие номинацијата за претседател.
Сопругот на Мејв Таунсенд, Дејвид Меккејн оваа недела објави на својот Фејсбук дека неговата сопруга и синот играле со топка што им избегала премногу далеку, па излегле да ја земат со кану, а потоа биле повлечени од ветрот или плимата
и потоа се удавиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.