Грчкото министерство за култура соопшти дека во близина на градот Немеа на југот на земјата се пронајдени две гробници кои датираат од 1.400 до 1.200 година пред нашата ера.

Тоа подрачје е познато по мноштво гробници, но, поголемиот дел од нив се ограбени пред да бидат откриени, пренесува „АП“. Министерството наведува дека во новооткриените гробници се наоѓаат две лица кои тука биле погребани, како и коски од 14 лица кои се преместени од други гробници.

Ископувањето на гробот Ајдонија почнало во доцните 70-ти години, откако локацијата на која се наоѓаат гробниците од 1.700 до 1.100 година пред новата ера, била ограбена неколку години порано.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.