Проект среќа ги повика компаниите и вработените да донираат храна и зимска облека за децата од семејствата кои се со ниски примања. Тие апелираат компаниите да помогнат, но и да се постават кутии за донации од страна на вработените.

Заради актуелната економска криза која најмногу ги погоди токму лицата со најмали примања или без примања, побарувачката за храна како и зимска облека за деца е зголемена.
Затоа иницираме собирање на корпоративни донации, внатре во компаниите од самите вработени, кои сакаат да помогнат. Секоја компанија која сака да се вклучи може да не контактира, ако има желба, самата компанија можеме да поставиме кутии за донации во компанијата, па секој да остави онолку колку што може. Да покажеме солидарност во овие тешки времиња за многу семејства и нивните мали деца, кои многу често јадат и по само еден оброк дневно….
Поделете го овој пост за да допре до повеќе лица и компании! – стои во повикот на Проект среќа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.