Откако вчера една од главните вести беше онаа за видеото на кое пoлициjaта апcи момче кое го шетало својот миленик, главниот протагонист во приказната ја раскажа и својата страна од приказната и притоа разреши дел од шпeкулaциите за можните причини за таквиот потег на пoлициjaта.

Се работи, наводно, за момче по име Боби, а од вчера неговото објаснување циркулира по социјалните мрежи. Еве што пишува тој:

Значи искочив од кај другарче во 14:50, терминот за со миленик е во 15:00. Јас бев кај другарчето уште од сабајле кога беше тајмингот во 8 – 8:30. И чекав 15 часот за да си одам дома. 500 – 600 метри од дома плус тие 100 што се како дозволени, и ме застанаа. Најкултурно си застанав, „добар ден – добар ден“, им кажав што е како е. Знаев дека сум повеќе од 100 метри, ама со надеж дека го чекав тајмингот 3 саат и дека би ме сфатиле. Си одам дома, не сум 5 километри, башка со кучето си бев, ама они се запнаа како демек лажам јас којзнае што правам. Другарчето ме испрати, фрли ѓубре, они го избркаа као „бриши дома одма“, и тоа беше воглавно. Во станица го пишав истово и инспектоpoт ми рече ко демек oбвинитeлката треба да одлучи според изјавата колкава казна ќе ми одреди, па ќе ми стигнела, а никаков лист не ми дадоа, ни потврда. Не очекував дека ќе испадне вака, насекаде по интернет, дури и на ТВ. Е сега не знам, очекувам дека можеби утре ќе ме побараат да одам до станица, не знам, пишува Боби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.