Кејт Мидлтон и принцот Вилијам допатувале во Пакистан на нивното најсложено службено патување.

Војвотката од Кембриџ на аеродромот ги воодушевила сите присутни со изборот на својот фустан.

За принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ на аеродромот бил приреден свечен пречек. Сите присутни го забележале фустанот на Кејт која во Пакистан пристигнала во светлосин фустан.

Поради посетата на високите гости од британското кралско семејство нивото на безбедност е подигнато на највисоко ниво. За безбедноста на Кејт и Вилијам се грижат дури 1000 полицајци.

Инаку Кејт и Вилијам за време на посетата ќе остварат средби со политички и културни лидери , воедно ќе посетат и неколку заедници во оваа земја и ќе разговараат за климатските промени.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.