Принцезата Дијана сакала на својот син, принцот Вилијам, да му исполни една голема желба, па лично ја повикала жената во која принцот бил „лудо вљубен“ додека бил тинејџер.

Супермоделот Синди Крафорд ѝ се придружи на својата колешка и пријателка Наоми Кемпбел во нејзината емисија „Без филтер“ на Јутјуб и откри неверојатни детали од својот живот.

Крафорд открива сè за својата средба со принцезата Дијана што се одвивала во Лондон.

Бев шокирана што сум во Кенсингтонската палата и што имав можност да се запознаам со принцезата Дијана и да видам колку жената е приземна и нормална – открива Синди.

Манекенката признава дека била воодушевена од скромноста на принцезата.

Ја обожавав принцезата Дијана, баш ја обожавав – вели Крафорд

Манекенката признава дека била многу изненадена од повикот од принцезата, која ѝ рекла дека сака да дојде на посета кај нив.

Беше толку љубезна и лично ми се јави во мојата канцеларија, велејќи: „Добар ден, тука принцезата Дијана“, а мојата асистентка којашто се јави на телефон не можеше да верува дека тоа е вистина, но беше – се присетува 54-годишната Крафорд.

Во разговорот таа спомнала дека оваа средба ѝ останала исклучително драг спомен, а дека принцезата се трудела таа да се чувствува како дома.

За  да се договори средбата најзаслужен бил принцот Вилијам кој во тоа време, додека бил тинејџер, бил лудо вљубен во Синди Крафорд. Бидејќи сакал да ја запознае, мајка му му помогнала во тоа.

Притисокот поради тоа што ќе се запознае со најстариот син на леди Дијана го чувствувала и самата Синди, но поради друга причина.

како што вели, пред средбата ја мачело што ќе облече, поради тоа што не сакала да изгледа „старомодно“ и да го разочара младиот принц, а од друга страна знаела дека мора да го почитува нивниот протокол доколку сака повторно да биде повикана.

На крајот се одлучив да носам мал црн фустан, класика – вели Синди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.