Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам денеска го прославува својот 38 роденден.

Во име на неговиот роденден и Денот на таткото, Вилијам и Кејт Мидлтон на нивниот Инстаграм профил објавија емотивни семејни фотографии. На истите Вилијам се опкружен со своите три деца принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2), а фотографирани се од Кејт.

Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделуваат нова слика на Војводата со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис пред роденденот на војводата, стои во описот на објавата на Инстаграм.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.