Британскиот принц Хари рече дека „никој не е совршен“ и „ние можеме да направиме повеќе“ кога станува збор за проблемите со загадувањето на животната средина.

Војводата од Сасекс одржа говор во Амстердам кога даде старт на иницијативата за поттикнување на поеколошки патувања, поддржана од некои од најголемите имиња во туристичката индустрија.

Принцот рече дека бил инспириран да помогне во иницијативата, откако разбрал како климатските промени влијаат врз локалните заедници.

Принцот Хари ја даде изјавата еден месец откако тој и неговата сопруга Меган Маркл беа критикувани од британските медиуми за употреба на приватен авион за нивните патувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.