Принцот Хари ѝ кажа на водителката Опра Винфри дека семејството „го отсеколо“ финансиски на почетокот на минатата година, но годишниот извештај на кралското семејство го покажува спротивното.

Принцот Чарлс продолжил да го финансира неговиот син, принцот Хари, дури и откако тој и Меган Маркл се повлекоа од сите кралски должности. Иако Хари во интервју за Опра во март годинава рече дека неговото семејство целосно го „отсекло“ финансиски, новите тврдења го велат токму спротивното.

Финансиските податоци на кралското семејство покажуваат како принцот Чарлс ги финансирал Хари и Меган од сметката на Кларенс Хаус наменета за издржување на синовите на Чарлс и нивните семејства. Од друга страна, Хари ѝ кажа на Опра дека престанал да добива финансиска поддршка од семејството на почетокот на минатата година. Тој отиде дотаму што истакна дека тој и Меган продолжиле да се финансираат од сметката која неговата мајката Дајана му ја оставила како наследство.

Деталите за финансирањето се објавени во јавноста поради годишните финансиски извештаи што Кларенс Хаус и Бакингемската палата редовно ги доставуваат до јавноста. Според овие извештаи, принцовите Хари и Вилијам делеле 4.500.000 фунти.

Неодамна беше објавено дека принцот Хари и Меган Маркл се обидуваат да одржат добри односи со кралицата Елизабета, но воопшто не жалат што во интервју за Опра раскажаа детали за животот во кралската палата.

Војводата и војвотката од Сасекс сакаат да го одржувате мирот во кралското семејство, а информациите за сè доаѓаат откако кралицата Елизабета наводно рекла дека повеќе нема намера да ги игнорира невистините што кружат за кралското семејство.

Хари и Меган сакаат да избегнат да бидат деградирани од кралицата, а најлошото сценарио би било тие да ги загубат своите титули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.