Принцот Хари се чувствува многу лошо поради тоа што тој и неговата сопруга, Меган Маркл, ги прекинаа односите со британското кралско семејство, откако се преселија во Лос Анџелес со нивниот син Арчи минатата година, тврди долгогодишен пријател на Хар, водителот Том Бредби.

Во интервју за „ИТВ“ Бредби вели дека изминатата година била тешка за Хари, но сепак, објаснува дека Хари и Меган се среќни со својот живот во Калифорнија и не планираат да го менуваат, пренесува „Дејли мејл“.

Срцето на Хари е скршено поради напуштањето на кралското семејство, но тој и неговата сопруга Меган се задоволни од новиот живот во САД. Дали се несреќни таму? Не, не мислам така, мислам дека тие се всушност многу среќни, но ќе се борат за своето место во животот, мислам дека ќе го сторат тоа – вели  Бредби во интервјуто.

Водителот го познава Хари уште кога принцот беше дете и го снимаше документарниот филм со Хари и Меган за нивната посета на Африка во 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.