Британскиот принц Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора ќе биде погребан в сабота, на 17 април, а поради корона-мерките, на погребот ќе смеат да присуствуваат само 30 луѓе.

Службата ќе биде одржана во капелата Свети Џорџ на имотот Виндзор, а кралицата ќе мора да седи одвоено од сите други присутни членови, со маска на лицето.

Деталите од самиот погреб сѐ уште не се познати, a единствено што се знае е дека сите мора да држат физичка дистанца.

Принцот Филип ќе биде погребан во ковчег од даб, обложен со олово и специјално за него е направен пред повеќе од 30 години.

Британски „Метро“ пишува дека традиција е членовите на кралското семејство да бидат погребани во ковчег обложен со олово, бидејќи оловото би требало да помогне телото да се зачува од распаѓање.

Имено, телото во ваков ковчег може да се зачува до една година, бидејќи херметички е затворен и не може да продре влага.

Во времето кога е дизајниран овој ковчег за принцот Филип, ист таков е дизајниран и за кралицата.

Облогата од олово е токму пи причината зошто ковчегот на трагично загинатата принцеза Дијана тежел четири тона.

Желбата на принцот Филип била околу неговиот погреб да не се прави помпа, а кралицата Елизабета Втора ќе ја исполни неговата желба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.