Изминатиот месец покрај Ковид 19, една од главните теми во светските медиуми беше војната помеѓу Азербејџан и Ерменија за територијата на Нагорно Карабах, жестоките судири беа проследени од голем број новинарски екпипи кои ја проследија трагедијата на војната.

Во интервју со претседателот на Азербејцџан, Илхам Алиев, новинарка на Би-Би-Си го обвини дека во неговата земја нема демократија, ги затвораат опозиционерите, ги репресираат невладините организации и дека медиумите се под контрола на државата. На таквите обвинувања претседателот на Азербејџан побара извори, при што новинарката остана без коментар.

Потоа Алиев премина во офанзива и го напомена името на Џулијан Асанж кој како новинар со години беше принуден да живее во егзил во амбасадата на Еквадор во Лондон.

За ваква ли слобода на медиумите говорите вие – праша Алиев?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.