Со ДНК тест американскотио ФБИ откри дека човекот што се претставуваше дека е Тимоти Пицен, кој 8 години бил киднапиран, е всушност поранешен затвореник кој сакал слава.

Момчето кое се појави на улица во Њупорт, во државата Кентаки, и тврдеше дека е 14-годишниот Тимоти Пицен, киднапиран во 2011 од Илиноис, не е иста личност. Станува збор за поранешен затвореник, 23-годишниот Брајан Мајкл Рини, кој вчера на полицијата вознемитен ѝ раскажал дека е 14-годишниот Тимоти Пицен, кој пред 8 години бил киднапиран, а потоа неговата мајка се самоубила.

Рини тврдеше дека има 14 години, што веднаш беше проверено, иако тој дури и во полицијата раскажал како „им избегал на киднаперите“ и бегал цели два часа од мотелот во Илиноис за да стигне во пограничниот град Њупорт.

Портпаролот на ФБИ Тод Лингрен денеска изјави дека лицето кое тврди дека е Тимоти Пицен е затвореник кој на 7 март бил пуштен од затворот во Белмонт, каде што одлежал 14 месеци за грабеж и вандализам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.