Лидерот на австриската Народна партија (ОВП), Себастијан Курц денеска стана татко. Поранешниот канцелар на социјалните мрежи јави дека неговата девојка Сузана утринава се породила и родила син.

Пресреќни сме и благодарни. Сузана и бебето се добри и со нетрпение ги очекуваме убавите заеднички задачи и нашиот прв Божик во тројка. Му благодариме на медицинскиот персонал во болницата за срдечната грижа, напиша Курц на Фејсбук.

Курц во моментов е шеф на пратеничкиот клуб на ОВП во парламентот, откако минатиот месец поднесе оставка од функцијата канцелар на владата, по истрагата што против него ја отвори Обвинителството за економски криминал и корупција. Неодамна му беше укинат и пратеничкиот имунитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.