На Аки утрово нагло му се слошило, по што веднаш е однесен во болницата во Ново Место, каде живее со сопругата и двегодишната ќерка. Но набргу починал. Се претпоставува дека е срцето во прашање. Последните неколку дена не се чувствувал добро. Имал проблеми со кичмата, поради што неговиот бенд Парни Вањак ги одложуваше концерите. Прележал и корона, а му биле ставени и шест стента на срцето.

Кристијан Рахимовски, неговиот син, последните неколку дена како да претчувствувал дека здравствената состојба на неговиот татко не е на најдобра. Менаџерот на Аки, Дамир Осредечќи вели дека за смртта на Аки дознале денеска, нешто после 13 часот.

– Кристијан се чувствува многу лошо. Не е во состојба ни да разговара. Речиси секој ден се слушаше со Аки, а пред три дена ми рече дека му е страв за татко му, видел дека не е добар – вели менаџерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.