Природата приреди прекрасна глетка во океанот кај Дејн Порт, Калифорнија. Станува збор за јато делфини, сочинето од околу 300 единки.

Како што пренесува „OC Register“, делфините се движеле мошне брзо, па повеќе време поминувале во воздух отколку што биле во вода.

Не се знае точната причина поради која се случуваат ваквите „стампеда“ од делфини, а  како дел од можните причини се сметаат бегање од предатори, потрагата по храна или „средба“ со друга група делфини.

Југот на Калифорнија е познат по тоа што таму има најголема густина на делфини по метар квадратен, а се проценува дека во овој регион има околу 450.000 примероци од ова прекрасно животно.

Ваквата глетка може да се смета дури и за мала група, со оглед на тоа што се забележани групи и од по 10.000 делфини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.