Резултатите од вакцинацијата против коронавирусот ќе бидат забележливи дури после една година откако ќе се направи вакцината, а можеби и подоцна – изјави претседателот на руската Унија на медицински работници „Национална медицинска комора“, доктор Леонид Рошаљ.

Тој нагласил дека нема конкретна таблета која го спречува ширењето на вирусот корона.

Тој ќе престане агресивно да напредува. За неговото слабеење ќе придонесе и зајакнување на имунитетот кај заболените, добивање вакцина и вакцинација на населението, како што е денеска случајот со грипот, малите сипаници, варичелата- објаснил Рошаљ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.