Пејачот Аки Рахимовски почина денеска во 67 година од животот. Неговиот менаџер Данур Осрдечки ја потврди лошата вест.

Му се слоши утринава, заврши во болница, а пред еден саат ми јавија дека починал, се уште не ја знаеме причината за  смртта – рекол за 24 часа, Осрдечки

Во текот на 2018 година Аки доживеал мозочен удар, а после неколку месеци зборуваше дека ја победил болеста.

Сега се е во ред, па се гледа по мене. Ги сменив животните навики, искрено тешко, а навистина се ќе биде океј – зборуваше тогаш Аки.

Тој својата приватност ја чуваше далеку од јавноста. Последниот период една од најактуелните теми беше веста дека Аки во 65 година од животот добил ќерка со таинствената словенка Барбара, која има 37 години. Тие двајцата успеаја веста за приновата да ја кријат 3 месеци.

Ако може Мик Џегер во 74 година, зошто не би можел Аки – рекол неговиот пријател и член на Парни Ваљак, Хусеин Хасанефендиќ Хус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.