Пратеникот Мухамед Зекири синоќа се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска. Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде што била и свадбената веселба.

Кум на свадбата бил премиеротЗоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги.

Ова е втор брак за поранешниот новинар, а сега пратеник и потпретседател на владејачката СДСМ. Зекири беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, како и новинар во неколку други медиуми во земјава.

Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.