Актерката Џенифер Анистон ги воодушеви своите обожаватели бидејќи стана дел од социјалната мрежа Инстаграм. Таа отвори свој профил на Инстаграм и првата фотографија која ја објави е со колегите од најпопуларната серија „Пријатели“.

Анистон под фотографијата напиша: „Сега сме Инстаграм Пријатели исто така. Здраво Инстаграм“.

Фотографијата за кратко време собра повеќе од 8 милиони лајкови, но и коментари за поддршка и добредојде на актерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.