Познатата француска актерка Натали Делон почина во Париз, по долгогодишната и тешка борба со канцерот. Таа почина на 79-годишна возраст.

Нејзиниот син Ентони Делон ја објави оваа тажна вест која ја пренесоа сите светски медиуми.

Мојата мајка почина утрово во 11 часот во Париз, опкружена со семејството и пријателите, напиша нејзиниот син Ентони Делон.

Натали е родена како Френсис Кановас во шпанско семејство. Таа е прогласувана за најубава актерка во светот во неколку наврати. Освен богата филмска кариера и режијата на филмови, таа објави и мемоари.

Постои приказна дека актерот Ален Делон бил маѓепсан од нејзината убавина и дека поради неа ја оставил Рои Шнајдер. Тие се запознале кога таа имала 21 година. Се венчале во 1964-та година, а се развеле во 1969-та година. По разводот тие останале во добри односи, а дури и празниците ги поминувале заедно.

Познатиот актер Ален Делон минатата година доживеа мозочен удар.

Покрај Ален, Натали ја доведуваа во врска и со Ричард Бартон и Еди Фишер. Наводно била љубовница и на шестокото момче Стеван Марковиќ, кој бил исклучително љубоморен поради нејзините многубројни врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.